ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

СоопштенијаНовости

JАВЕН ПОВИК до лица со деменција кои имаат потреба од лични асистенти Во рамки на проектот ,, Elder Care”

JАВЕН ПОВИК до лица со деменција кои имаат потреба од лични асистенти Во рамки на проектот ,, Elder Care”

РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
ОПШТИНА НЕГОТИНО

Општина Неготино, како партнер 4 на проектот ,,Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција“ со акроним „Elder Care“
(во понатамошниот текст – проект „Elder Care“), на ден 14.07.2026 година објавува:
JАВЕН ПОВИК до лица со деменција кои имаат потреба од лични асистенти
Во рамки на проектот ,, Elder Care”

Личните асистенти ќе бидат ангажирани во рамки на проекна активност
Д.4.1. Еднаков пристап до здравствена заштита за повозрасната популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменција“ со акроним „Elder Care“ се имплементира во рамките на програмата ,,ИНЕРЕГ ИПА ЦБЦ Грција-Република Северна Македонија 2021-2027” и е ко-финансирана од Европската Унија и со национални фондови на земјите учеснички

1. Општина Неготино во рамки на проектот ,,Elder care” ќе обезбеди четири лични асистенти за 3 лица со деменција за основна медицинска/ физичка асистенција на возрасни лица(лица со деменција) и/или лица со попреченост во домашни услови за обезбедување на домашна нега за целната популација. Асистентите ќе бидат ангажирани четири часа, пет работни денови неделно во домовите на корисниците – како дел од мобилната единица на општина Неготино.
Барање за обезбедување на личен асистент можат да достават сите заинтересирани физички лица (возрасни лица-лица со деменција) или лица со попреченост кои имаат потреба од обезбедување на домашна нега од страна на личен асистент.
Сите заинтересирани лица за вклучување во проектот потребно е да достават:
• Фотокопија од документ за идентификација (лична карта или пасош);
• Доказ –медицинска потврда (медицинска документација со која се потврдува дека лицето има деменција) и
• Опис на неговата моментална состојба и потреба од помош во домашни услови
Лицата потребните документи потребно е да ги достават на следнава адреса:

Општина Неготино
ул. „ Ацо Аџи Илов“ бр. 2
1400 Неготино

со назнака „Барање за личен асистент) во рамки на проект „Elder Care“во Општина Неготино“.
Краен рок за пријавување на лицата е 10 (десет) дена од денот на објавување на повикот или најкасно до 27.07.2026 година до 15 часот.
По истекот на рокот за доставување на документи, сите баратели кои во рок поднеле уредна документација ќе бидат дополнително повикани лично или претставници на нивното семејство во просториите на Општина Неготино.
Селекцијата на барателите ќе се врши од страна на стручна Комисија формирана од Градоначалникот.
Кандидатите се охрабруваат да ја посетат интернет страната на Општина Неготино www.negotino.gov.mk, од каде можат да добијат информации за проектот, неговата цел и проектни активности во Oпштина Неготино.

Јавен повик

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email