Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура|

   Оваа година, како дел од програмата за јавни дејности, во нашата општина ќе се реализира проектот “Open Fun Football School 2012”, во соработка со соседната општина Кавадарци. Во школата ќе бидат вклучени 90 деца од Неготино и 90 деца од Кавадарци, кои заедничи на 25 и 26 август од 18 часот, на новоизграденото фудбалско игралиште во рамките на СРЦ “Младост” ќе бидат дел од првата работилница на проектот и преку игра, дружење и забава ќе почнат да ги учат тајните на фудбалската игра. Втората фаза од проектот, односно втората работилница ќе се реализира во Кавадарци и на истата ќе бидат вклучени вкупно 180 деца од двете општини.
 


Инаку, Open Fun Football Schools е хуманитарен, политички неутрален и непрофитен проект, организиран од страна на Cross Cultures Project Association, Копенхаген (CCPA). Неговата основна идеја е “фан – забавниот концепт”. Она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Во тек на школата децата живеат низ фудбал, концентрирајќи се и внесувајќи се во играта во целост.
 

 

 

 

 

Close Search Window