Продолжува континуираната соработка помеѓу АРМ и општина Неготино која се одвива години наназад, а која се состои од поддршка на Армијата за потребите на локалното население кое гравитира околу Армискиот полигон Криволак.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денеска присуствуваше на настан на кој претставници на АРМ реализираа донација од клима уреди наменети за потребите на подрачните училишта во Криволак и Пепелиште, како и прехранбени производи.
Како градоначалничка на општина Неготино Нацева се заблагодари на донацијата и на одличната соработка што општината ја има со АРМ и командата на полигонот Криволак со надеж дека истата ќе продолжи и ќе се унапредува и во иднина.

