Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева денеска во кругот и просториите на ОВР Неготино присуствуваше на пригодната свеченост што се одржа по повд 7-ми мај – Денот на македонската полиција.
Честитајќи им го празникот градоначалничката Нацева истакна дека да се биде полицаец, припадник на МВР е голема чест и огромна одговорност кои во континуитет мора да се покажуваат и докажуваат, бидејќи токму полицијата е гарант за безбедноста на сите граѓани на општина Неготино и Република Македонија. Нацева изрази уверување дека и во иднина како припадници на МВР ќе продолжат преку чесно, совесно и професионално работење да им служат на сите граѓани и да ги штитат нивната лична безбеност и имот.
Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева на сите припадници на МВР им го честита 7-ми мај – Денот на македонската полиција.



