Честитки за кошаркарките на ЖКК Спорт тим од Неготино за освојувањето на второто место на фајналфорот што се одржа во Неготино во рамките на натпреварите во М-16 лигата за жени на Македонија.
На турнирот покрај неготинската, учество зедоа и екипите на Вардар од Скопје, Пробаскет од Кавадарци и Петровски од Битола.
👏Во полуфиналето ЖКК Спорт тим Неготино го совладаа тимот на Петровски и обезбедија место во финалето, каде што беа поразени од скопски Вардар и со тоа го освоија одличното второ место во силна конкуренција, но и со доста повредени кошаркарки.
ЖКК Спорт тим Неготино се натпреварува во 4 категории во женска конкуренција во Македонија со вклученост на 80 до 100 кошаркарки во сите конкуренции и дава значаен придонес во развојот на женската кошарка во општина Неготино.



