На денот кога се навршуваат 123 години од загинувањето на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ во нашиот град. Свеченостите започнаа со положување на свежо цвеќе на спомен бистата на патронот на училиштето, при што од страна на повеќе делегации беше положено цвеќе и одадена почит на великанот.Во обраќањето Нацева го истакна значењето на еден од најголемите синови на Македонија-на визионерот, организаторот и предводникот на македонското национално движење, на херојот кој загина на 4-ти мај 1903 година Гоце Делчев притоа потенцирајќи ја нашата обврска да го продолжиме неговото дело и идеи кои водат кон развој и подобро утре.Како општина Неготино секогаш излегуваме во пресрет на барањата на образовните установи, меѓу кои и ООУ „Гоце Делчев“, а реализираме и финансиска поддршка за стимулирање на наставниците и учениците. Па така, во пресрет на учебната година за секое прваче доделуваме ваучер од 3.000 денари, наставниците и учениците кои освоиле први, втори и трети места на државни и меѓународни натпревари ги наградуваме со ваучери од 5, 4 и 3.000 денари, а исто така обезбедуваме и парична награда за ученикот на генерацијата. На прославата свое обраќање имаше и директорката на училиштето Елена Стојанова која се осврна на постигнувањата на оваа образовна установа, а потоа сите заедно ја проследивме и уживавме во подготвената културно-уметничка програма.



