Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Преку донација од Амбасадата на САД во Македонија општина Неготино обезбеди противпожарно возило и опрема за потребите на ТППЕ-Неготино со кои се зголемуваат  оперативните капацитети, како и брзината, безбедноста и ефикасноста при потенцијални интервенции на терен од страна на неготинските пожарникари.

На чинот на примопредавањето на возилата и опремата кој се одржа во кругот на ТППЕ-Штип покрај градоначалниците на општините Штип, Неготино, Радовиш и Конче присуствуваше и свое обраќање имаше Нејзината Екселенција В.Д. амбасадорката на САД во Република Македонија Никол Варнс која ги потенцираше бенефитите кои ќе ги имаат пожарникарите од 4-те општини кои добија возила и опрема

Присуството на настанот градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева  го искористи да се заблагодарам на амбасадорката Варнс за донацијата, соработката и поддршката од Амбасадата на САД кои, во случајов, имаат значаен придонес за ефикасно функционирање на ТППЕ-Неготино.

Заедно со колегите градоначалници, Нацева присуството на настанот го искористи за одржување заедничка работна средба со амбасадорката Варнс на која се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат локалните самоуправи.

Close Search Window