Семејството е најголема потпора во време на бура ,,Љубов,радост и иднинаʼʼ
Денеска 15-ти мај се одбележува како Ден на семејството – празник прогласен со резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации во 1993 година.
Празникот ја истакнува важноста на семејството во заедницата, а овој Меѓународен Ден дава можност за подигање на свеста за прашања поврзани со семејството и да се зголеми знаењето за економските и општествените процеси кои ги засегаат семејствата.



