Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23, 171/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2026 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН
ЗА ИНФРАСТРУКТУРА – Нов 10(20) kV кабелски вод низ (КО Неготино и КО Дуброво) –Општина Неготино
Просторот дефиниран за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Е1.8–водови за пренос на електрична енергија, ги опфаќа деловите од КП бр.2927/2, КП бр.3186/1, КП бр.3186/2, КП бр.3187/1, КП бр.3187/2, КП бр.3187/3, КП бр.3191/1, КП бр.3193/1, КП бр.3193/2, КП бр.3193/4, КП бр.3193/5, КП бр.3201, КП бр.3240/1, КП бр.3404/2, КП бр.3404/3, КП бр.3405/3, КП бр.3427, КП бр.4194/1, КП бр.4194/2, КП бр.4194/3, КП бр.4201/1, КП бр.8428, КП бр.8429/1, КП бр.8430/1, КП бр.8433
(КО Неготино) – Општина Неготино и КП бр.261/1, КП бр.262/1, КП бр.263/1, КП бр.264/4, КП бр.264/5 и КП бр.477 (КО Дуброво) – Општина Неготино.
Површината на проектниот опфат изнесува 0.3 ха.
Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 23.04.2026 до 07.05.2026 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.
Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

