Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2023 година од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

за јавен увид за
УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН за формирање на градежна парцела ГП1 со основна класа на намена Е1.13 – Површински соларни фотоволтаични електрани, на дел од КП 620, дел од КП 621, дел од КП 622/1 и дел од КП 622/2, КО Криволак, Општина Неготино

Граници на проектниот опфат се:
-на исток – КП 589/1 и КП 622/2, КO Криволак
– на запад – КП 753/2, поминува низ КП 620, поминува низ КП 621, поминува низ КП 622/1 и поминува низ КП 622/2, КO Криволак
– на север – КП 589/1, КO Криволак
– на југ – поминува низ КП 620, поминува низ КП 621 и поминува низ КП 622/2, КO Криволак

Опфатот е со површина од 1,17 ха.

Урбанистичкиот проект е објавен на веб страната на општината. Јавниот увид ќе трае 15 дена започнувајќи од 18.05.2023 до 01.06.2023 година. За време на траењето на јавниот увид заинтересираните правни и физички лица подетални информации можат да добијат во Општина Неготино.

Во текот на јавниот увид, забелешките можат да достават сите заинтересирани физички и правни лица на анкетни листови.

Анкетен лист за ЈА и ЈП

Close Search Window