ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Организиран дочек на Новата година на плоштадот во Неготино

Организиран дочек на Новата година на плоштадот во Неготино

По 8 години пауза, на иницијатива на градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева, на градскиот плоштад во нашиот град  се одржа организиран дочек на Новата 2026 година, при што за забавата се погрижија естрадните уметници Татјана Стефановска и Влатко Миладиновски во придружба на оркестарот на Златко Миладиновски.

Масовната посетеност на настанот во целост ја потврди оправданоста од одржување на заеднички дочек на Новата година на плоштадот, а посетителите во Новата година влегоа со многу музика, насмеани лица, позитивна енергија посакувајќи си добро здравје, успех, среќа и радост со најблиските.

Градоначалничката Нацева им се заблагодари на сите за големата посетеност, а на сите граѓани на општина Неготино и Република Македонија им посака Среќна Нова 2026 година.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email