Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, е избрана за претседател на Комисијата за следење на развојот на системот за финансиране на општините на 54-тата седница, коа се одржа на 25.06.2026 година. Ова е првиот состанок на Комисијата во новиот состав на градоначалници, чии мандати започнаа минатата година, по спроведуването на локалните избори, а во ова тело беа номинирани од Управниот одбор на ЗЕЛС.
Во оваа Комисија мнозинството членови се претставници од локалната власт, односно, од вкупно 13 члена седум се градоначалници, а останатите петмина се претставници од министерствата од каде што општините добиваат блок дотации за спроведуване на дел од своите децентрализирани надлежности. Присутните избраа и заменик-претседател на Комисиата, Радмила Сандева и секретар, Александра Петкановска, и двете претставници од Министерството за финансии.
На дневен ред на седницата беше ставена и точката за утврдуване на Деловник за работа на Комисијата, кои
воедно беше усвоен од присутните, а се дискутираше и за Предлог-уредбата за методологијата за распределба на средствата од приходите од данокот на додадена вредност по општини за 2027 година и Предлог-уредбата за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите од областа на културата за 2027 година. Беа изнесени ставовите на ЗЕЛС за неопходноста од зголемуване на средствата за локалната власт во насока на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините. Во двете формули не беа предвидени измени, па присутните едногласно ги усвоија. Под точката разно се дискутираше и за останатите уредби што треба да ги разгледува Комисијата, меѓу кои за основно и за средно образование, како и Уредбата за блок дотациите за социјална грижа.
Се очекува во следниот период Комисијата да одржи нов состанок на кој на дневен
ред ке бидат ставени и овие уредби.
