ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Патувачкото кино „МакеДокс“ со три филмски проекции во општина Неготино

Патувачкото кино „МакеДокс“ со три филмски проекции во општина Неготино

Патувачкото кино „МакеДокс“ денеска од Неготино ја започнува 17-тата сезона со презентација на документарни филмови и создавање филмска атмосфера со посета на населени места претворајќи плоштади, уччилишни дворови и јавни површини во привремени кина под отворено небо.

Со логистичка поддршка на општина Неготино првата проекција ќе се одржи вечерва (петок 10.07.2026 г.) во нашиот град кај Спомен костурницата, следната станица е Пепелиште каде во сабота на 11-ти јули филмовите ќе се прикажуваат во дворот на подрачното училиште, додека на 14-ти овој месец (вторник) во дворот на подрачното училиште патувачкото кино ќе престојува во Д.Дисан.

Се известуваат сите љубители на филмската уметност од општина Неготино дека сите проекции се бесплатни за посетителите, а сите проекции започнуваат од 21,00 часот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email