Денес во работниот кабинет градоначалничката Нацева ги прими учениците од ООУ Страшо Пинџур од Неготино кои на државниот натпревар во кошарка 3 на 3 под менторство на наставничката Сузана Андонова обезбедија пласман и ќе учествуваат на меѓународната финална сезона на младинските спортски игри Плазма која од 17 до 21 август ќе се одржи во Сплит.
На игрите учество ќе земат ученици од Македонија, Србија, БиХ, Словенија и Хрватска, а на нашите ученици Нацева им посака успешен настап, остварување добри резултати и достојно претставување на училиштето и на општина Неготино.
Инаку, општина Неготино целосно ги покрива трошоците за патување и набавката на спортската опрема потребна за учество на ова меѓународно натпреварување.
