ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева го отвори театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев “

Градоначалничката Нацева го отвори театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев “

 

Со изведба на претставата ,, Кармен ” на НУ Драмски театар од Скопје, во Неготино беше отворен театарскиот фестивал ,, Бранко Ѓорчев ” – трет фестивал што се одржува во чест на истакнатиот македонски актер од Неготино Бранко Ѓорчев.

Монодрамата ,, Кармен ” ја изведе познатата македонска актерка Билјана Драгичевиќ – Пројковски по 51-ви пат од премиерата, а во режија и драматизација на Дејан Пројковски.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева во кино салата на Центарот за култура ,, Ацо Ѓорчев “го отвори фестивалот, а присуството на членовите на потесното семејство на Бранко Ѓорчев го искористи да им врачи плакета од општина Неготино.

Активностите од фестивалот продолжуваат на 18 август и ќе траат до неговото затворање на 23 август со изведба на уште 4 претстави.

Влезот е бесплатен, а сите претстави почнуваат во 20 часот.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Wa-mbrella
Cancelation 05-390
Wa-mbrella
Cansellation 05-337