ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева на отворање на изложбата од проектот ,, Пристапен Музеј -култура без бариери “

Градоначалничката Нацева на отворање на изложбата од проектот ,, Пристапен Музеј -култура без бариери “

Во рамките на реализацијата на годишната програма за работа на Музејот на град Неготино, во соработка и со поддршка на Министерството за култура и туризам и со учество на штитеници од Дневниот центар Порака, денеска во изложбениот салон на Музејот беше отворена изложба на која беа претставени дела изработени од вредните раце на штитениците.

Станува збор за проектот ,, Пристапен Музеј – култура без бариери “од национален интерес во чии рамки во изминатите неколку месеци се одржуваа повеќе едукативни работилници со учество на штитеници од Порака на кои тие се стекнуваа со вештини кои беа преточени во дела кои денес беа презентирани.

Сите присутни на изложбата, меѓу кои и градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева имаа можност да ги разгледаат изложените дела во форма на цртежи, моделирање со глина и други форми на изразување, притоа испраќајќи порака дека уметноста не поврзува, различноста не збогатува и заедно создаваме култура без бариери.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email