Во понеделник (06.07) на територијата на општина Неготино ќе се врши прскање против комарци. Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување систематска дезинсекција на подрачјето на нашата општина, стручни екипи ќе спроведат прскање против комарци.
Предвидено е прскањето да започне на полноќ на преминот од недела во понеделник и ќе се врши до раните утрински часови. Се известуваат граѓаните од општина Неготино што одгледуваат пчели да ги преземат сите соодветни мерки занивна заштита.
