ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева на увид на работите во ЈЗУ Здравствен дом Неготино

Градоначалничката Нацева на увид на работите во ЈЗУ Здравствен дом Неготино

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева заедно со директорот на ЈЗУ Здравствен дом Неготино д-р Љупчо Пасинечки извешија увид во работите од проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, во случајов неготинскиот здравствен дом, финансиран согласно договорот помеѓу Република Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој кој ќе резултира со намалена потрошувачка на енергија и создавање на подобри услови за работа на здравствените работници и престој на пациентите.

Работи се изведуваат на целиот објект на Здравствениот дом, во сите одделенија и останати простории и тоа со менување на  старите надворешни врати и замена со нови, замена на прозорците, отстранување на старото и поставување на ново парно греење, поставување соларни системи за топла вода, комплетна изолација на целиот простор и работи на кровната конструкција, поставување на греење и ладење во ист систем со топлотни пумпи, вградување на котел на пелети и многу други активности кои се одвиваат на целиот објект на Здравствениот дом.

Покрај зафатите во неготинскиот Здравствен дом, работите согласно проект ќе се одвиваат и во здравствениот пункт во Долни Дисан и во здравствената станица во Д.Капија. Изведувач на работите е градежната фирма Вардар Градба од Скопје, а инвеститор е Меѓународната банка за обнова и развој.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email