ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Ставени во функција семафорите на една од најфреквентните локации во градот

Ставени во функција семафорите на една од најфреквентните локации во градот

Општина Неготино инвестира во безбедноста на граѓаните – ставени се во функција семафорите на една од најфреквентните локации во градот.
Имено, по завршувањето на градежните работи за нивно поставување, пробниот период на тестирање, после 20 години Неготино доби нови и функционални семафори.
Истите се лоцирани на раскрсницата кај Музејот на град Неготино на улица Маршал Тито и спојот со улиците Борис Кидрич и Антигона.
Паралелно, се изврши и бележење и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација на главната улица.
Сето ова е со цел за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email