Денеска во Република Македонија се одбележува Денот на македонската Армија – институција во која граѓаните на нашата држава имаат најголема доверба.
Македонската Армија го одбележува 18-ти август и 34 години постоење и функционирање со фокус на исполнување на својата основна мисија – заштита на територијалниот интегритет, сувереноста и безбедноста на државата и нејзините граѓани.
Имајќи предвид дека на територијата на општина Неготино се наоѓа Армискиот полигон Криволак како градоначалничка и како локална самоуправа имаме одлична соработка со Армијата.
На сите припадници на АРМ градоначалничката Нацева им го честита 34-иот роденден на македонската Армија.
