На барање на жителите кои живеат на ул ,, Ставре Ставрев ” општина Неготино со средства од сопствениот Буџет изврши реконструкција на тротоарот лоциран пред нивните домови во должина од околу 160 метри.
Со овој зафат, уредени се тротоарите од двете страни на улицата, при што пешаците добија одвоена и безбедна површина за движење, намалена е нивната изложеност на сообраќај, a подобрувањето на пешачката инфраструктура е директно поврзано со побезбедно и поздраво градско движење.
Притоа, новиот тротоар обезбедува посигурно пешачење до училиштето Гоце Делчев и до други јавни објекти, придонесуваат за почист, современ и поатрактивен јавен простор, а спуштените тротоари и соодветно проектираните површини овозможуваат полесно движење на лица со инвалидитет, постари лица и родители со детски колички.
Ова претставува долгорочна вредност за градот бидејќи квалитетната пешачка инфраструктура е инвестиција во уреден и функционален урбан простор.
