ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

ЗАПОЧНА ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

ЗАПОЧНА ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

Со огромна масовност и учество на над 50 учесници од општина Неготино и 30 учесници од други општини во Македонија, започна традиционалниот турнир во табла по повод празникот 8-ми ноември.

Настанот се одржува под покровителство на општина Неготино и во соработка со Македонскиот бек гемон сојуз. Турнирот се игра по систем на елиминација, додека полуфиналните и финалниот натпревар ќе се играат утре (сабота ) по што ќе бидат познати најдобрите на турнирот.

Првопласираниот таблаџија ќе добие парична награда од 15.000 денари, за второ место 10.000 и трето место 5.000 денари. Покрај паричните награди ќе бидат доделени дипломи, пехари и табли.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email