Над 100-тина ученици зедоа активно учество во традиционалните улични трки во Неготино – настан кој е дел од програмата за одбележување на празникот на општина Неготино 8-ми ноември.
Под менторство на своите наставници и професори учениците од двете основни училишта од градот Гоце Делчев и Страшо Пинџур, како и ученици од средното училиште Св. Кирил и Методиј учествуваа во натпреварувањето со цел да остварат што е можно подобар пласман.
Присутните на градскиот плоштад каде што беше и целта имаа можност да следат возбудливи и до крај неизвесни трки во кои победникот се решаваше во последните метри.
По завршувањето на трките следеше чинот на прогласувањето на најуспешните во своите категории, а на најдобрите им беа доделени медали и дипломи.
Настанот со своето присуство го збогатија дечиња од возрасните групи од Детската градинка Фемо Кулаков кои продефилираа по главната улица во Неготино.
