Врз основа на член 3 од Деловникот за работа на Комисијата за стипендирање на најдобар студент во општина Неготино, а во согласност со Програмата за активностите во областа на образованието во општина Неготино за 2024 година, член 8 од Правилникот
за условите, критериумите и начинот за доделување на стипендии за студент во општина Неготино
Комисијата за стипендирање на најдобар студент во општина Неготино на ден 01.10.2024, распишува
К О Н К У Р С
за стипендирање најдобар студент за учебната 2024/2025 година
За учебната 2024/2025 година, општина Неготино ќе додели:
1 (една) стипендија за најдобар студент. Стипендијата е во висина од 6.000,00 денари, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината, со услов студентот во моментот на пријавување на јавниот оглас да има завршено најмалку една година од студиите на високото образование.
Услови за доделување на стипендија
Право на стипендија има кандидатот кој студира на факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнува следните услови:
- Да е редовен студент ( со запишана најмалку II година), кои во претходните години на студии постигнале успех од 8,00 или над тој просек.
- Да се жители на општина Неготино;
- Да се државјани на Република Северна Македонија;
Бодирање
- Бодирањето за студенти ќе се врши преку:
-Општествени и интелектуални иницијативи на студентите(учествува во хуманитарни акции, учествува на семинари, конференции, образовни проекти, активни партиципации во НВО, благодарници и сл.) ќе се бодираат со по 1 бод;
-Објавени стручни трудови од областа за која се оспособува со 5 бода;
-Во случај да има двајца кандидати со ист број на бодови ќе се бодира и економската состојба на начин што ќе се цени материјалната положба – надоместокот кој се добива по член на семејството:
- Бодирањето на студентите во зависност од успехот кој е постигнат ќе се врши на следниот начин:
-Студентите ќе се бодираат на следниот начин:
- за успех од 9,00-9,10 со 2 бода;
- од 9,11 – 9,20 со 4 бода;
- од 9,21 – 9,30 со 6 бода;
- од 9,31 – 9,40 со 8 бода;
- од 9,41 – 9,50 со 10 бода;
- од 9,51 – 9,60 со 12 бода;
- од 9,61 – 9,70 со 14 бода;
- од 9,71 – 9,80 со 16 бода;
- од 9,81 – 9,90 со 18 бода;
- од 9,91 – 9,99 со 20 бода;
- со 10,00 со 25 бода;
- Бодирање на студентите кои студираат на Универзитетите во Република
Северна Македонија ќе се врши согласно најновата ранг листа на македонски високо образовни акредитирани институции и следната бодовна скала:
- Студентите од најдобро рангираниот универзитет добиваат 25 бодови;
- Студентите од второ рангираниот универзитет добиваат 20 бодови;
- Студентите од трето рангираниот универзитет добиваат 15 бодови;
- Студентите од четврто рангираниот универзитет добиваат 10 бодови;
- Студентите од петто рангираниот универзитет добиваат 8 бодови;
- Студентите од шесто рангираниот универзитет добиваат 7 бодови;
- Студентите од седмо рангираниот универзитет добиваат 6 бодови;
- Студентите од осмо рангираниот универзитет добиваат 5 бодови;
- Студентите од деветто рангираниот универзитет добиваат 4 бодови;
- Студентите од десетто рангираниот универзитет добиваат 3 бодови;
- Студентите од единаесетто рангираниот универзитет добиваат 2 бодови;
- Студентите од сите универзитети кои се рангирани под дванаесетто место добиваат 1 бод.
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендија:
- Пријава од апликантот до Комисијата;
- Потврда за жителство на општина Неготино( фотокопија од лична карта или пасош или друг документ со кој се потврдува жителството);
- Уверение за положени испити;
- Изјава (заверена на нотар);
- Потврда за запишана година на факултетот;
- Уверение за семејно материјалната положба;
- Потврди за личен доход на вработените членови од семејството;
- Потврда од Агенцијата за вработување за невработените членови од семејството.
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „За Комисијата за стипендија на најдобар студент во општина Неготино“ ул:Ацо Аџи Илов“-бр.2 1440 Неготино, по пошта со препорачана пратка или во архивата во општина Неготино.
Рокот за поднесување на документите е од 01.10.2024 до 22.10.2024 година. Пријавата заедно со другите образци може да се подигне во архива на општина Неготино и на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на веб страната на општина Неготино www.negotino.gov.mk, социјалните мрежи на општина Неготино и истакнати на огласна табла во општината.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за стипендирање на најдобар студент во општина Неготино во рок од 3 (три) дена од објавувањето на резултатите.
Комисија за стипендирање на најдобар студент во општина Неготино