Во организација на Здружението ,, Зајакнување на заедницата за промени” во Тимјаник се одржа второто по ред издание на фестивалот ,,Лоза” – Тимјаник 2026 година.
Во рамките на настанот се одржа тематска трибина на која се водеа разговори за лозарството, промоција и брендирање на домашни производи и развојот на руралниот туризам.
За време престојот во Тимјаник градоначалничката Марија Нацева ги посети и ги разгледа изложбените штандови на кои излагаа локални производители кои се претставија со вино, ракија, маџун и други автентични производи од грозје, а го проследи и настапот на Фолклорниот ансамбл Ацо Ѓорчев од Неготино.
Програма од фестивалот Лоза продолжи во попладневните часови со богата забавно музичка програма која траеше до доцните ноќни часови.
