ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Градоначалничката Нацева го отвори турнирот во фудбал во Тимјаник

Градоначалничката Нацева го отвори турнирот во фудбал во Тимјаник

Во присуство на голем број учесници, гледачи-навивачи и други заинтересирани граѓани денеска градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева за отворен го прогласи традиционалниот турнир во фудбал кој се одржува во Тимјаник по повод одбележувањето на верските празници Петровден и Павловден.

За учество на турнирот се пријавени и ќе се натпреваруваат вкупно 16 екипи од цела Македонија кои ќе бидат поделени во 4 групи од кои најдобропласираните ќе разигруваат за пласман и освојување на првите 3 места, а натпреварите ќе се играат во вечерните часови на фудбалското игралиште во склоп на подрачното училиште во Тимјаник.

Наградниот фонд на турнирот е 200.000 денари, генерален спонзор е општина Неготино, а одржувањето на истиот го подржаа и потпомогнаа над 40 општествено одговорни фирми.

На сите учесници градоначалничката Нацева им посака многу среќа и успех во натпреварувањето со надеж дека ќе победи најдобрата екипа. Организатор на турнирот е Здружението на граѓани Зајакнување на заедницата преку промени од Тимјаник кое пред почетокот на турнирот организираше богата музичка програма.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
СоопштенијаНовости
СООПШТЕНИЕ