Поради најавите за нагло влошување на временските услови во текот на утрешниот ден ( петок 25.09.2026 ) и обилни врнежи од дожд според метеоролозите, на барање на граѓаните и сопствениците на угостителските објекти во градот, општина Неготино донесе одлука за поместување на терминот за одржување на НЕГОТИНСКАТА МУЗИЧКА ВЕЧЕР.
Па така, наместо утре, овој настан ќе се одржи во недела на 27.09.2026 г. на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 19, 00 часот.
Изведувачите остануваат исти и за забавата на присутните ќе се погрижат македонската поп пејачка Антониа Гиговска, естрадната уметничка од Србија Милица Тодоровиќ, а свој настап ќе има и DJ Tamu.
Општина Неготино ги поканува сите заинтересирани граѓани и љубители на добрата забава и музика да повелат во недела на плоштадот и да ги проследат содржините од НЕГОТИНСКА МУЗИЧКА ВЕЧЕР !
