ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија

Покана за регионална јавна расправа по Нацрт-Просторен план на Република Северна Македонија (2040)

Покана за регионална јавна расправа по Нацрт-Просторен план на Република Северна Македонија (2040)

Центарот за развој на Вардарски плански регион, со особена чест и задоволство Ве поканува да земете учество на регионалната јавна расправа по Нацрт-просторниот план на Република Северна Македонија 2021-2040, која што за Вардарскиот регион ќе се одржи на 29.09.2026 година (вторник), во големата сала на општина Велес, со почеток од 12:00 часот.
Регионалната јавна расправа се организира во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање и Агенција за планирање на просторот, и истата има за цел да го претстави Нацрт-просторниот план и предложените плански решенија поблиску до локалните заедници и останатите засегнати страни од Вардарскиот регион.
Ве замолуваме да земете активно учество во јавната расправа преку поставување на прашања, произнесување на мислења, забелешки и предлози во однос на презентацијата.
Линкот со материјалите од Нацрт-просторниот план може да го најдете тука.
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email