Денот на народното востание е симбол на македонската борба за слобода. На овој ден се слави пожртвуваноста и решителноста на македонскиот народ за слобода и создавање суверена и независна држава.
На овој светол празник се потсетуваме на храброста на нашите предци кои ја поведоа борбата за слободна Македонија.
Наша обврска е да ги негуваме и чуваме придобивките од оваа борба, да ја почитуваме жртвата на борците и со заеднички сили да градиме подобра иднина за сите.
