Во сабота на 31-ви октомври со почеток од 18 часот Неготино и спортската сала Младост ќе бидат домаќини на елитниот боксерски настан ,,
BALKAN BOXING ” на кој ќе настапат најдобрите боксери од Македонија и странство.
Настанот се организира во соработка со Про Бокс Македонија – ПБМ, а во реализацијата е вклучена и ARENA TV како партнер во медиумската поддршка и телевизиската продукција на настанот.
Овој боксерски спектакл за прв пат се одржува во Република Македонија и ние како домаќини ќе се потрудиме истиот да помине во најдобар ред.
За македонската боксерска јавност веруваме дека ќе биде најзначајна информацијата дека во Неготино ќе настапи најдобриот македонски боксер Матеј Чатлески кој во својата професионална кариера има 3 борби и 3 победи, а ќе настапат и други боксери од земјава и регионот.
