ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

НовостиИ годинава по повод Св. Трифун ќе одржи дегустација и избор на најквалитетни вина и ракии од индивидуални производители

НовостиИ годинава по повод Св. Трифун ќе одржи дегустација и избор на најквалитетни вина и ракии од индивидуални производители

И оваа година во рамките на одбележувањето на празникот на лозарите и винарите „Св.Трифун“ ќе се одржи натпревар во дегустација на вина и ракии произведени од индивидуални производители од општина Неготино.

Општина Неготино ги информира сите заинтересирани за учество на натпреварот дека рокот за поднесување мостри од бели, црвени и розе вина и ракии е до вторник (10.02.2026г.) од 08,00 до 16,00 часот во просториите на локалната самоуправа. Лице за контакт е Станоја Филиповски на 1-ви спрат во општинската зграда или на тел. бр. 075/976-574.

Поднесените мостри ќе бидат дегустирани и оценувани од страна на стручни лица-енолози кои ќе одлучат кои вина и ракии ќе добијат признинија и награди за квалитет.

Наградите и признанијата на најдобрите индивидуални производи на домашни вина и ракии ќе им ги врачи градоначалничката на денот на одржувањето на централниот настан по повод „Св.Трифун“ на 14-ти февруари.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email