ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Програма за одбележување на ,, Неделата на виното ” по повод Св. Трифун 2026 г

Програма за одбележување на ,, Неделата на виното ” по повод Св. Трифун 2026 г

Почитувани сожители,

Чест и задоволство ми е да ве поканам на овогодинешното одбележување на „Св. Трифун – Недела на виното 2026“! Неготино, срцето на винската традиција, и оваа година широко ги отвора портите за сите љубители на доброто вино, традицијата и македонската песна. 🍷✨
Подготвивме богата четиридневна програма исполнета со:
• Дегустации на најдобрите вина и ракии;
• Изложби на старите занаети и уметнички творби на нашите најмлади; и
• Традиционално закројување на лозата.

За музиката и забавниот дел ќе бидат задолжени нашите незаменливи Некст Тајм❗️

Да го прославиме празникот на лозарите заедно, со вино и со ведра мисла. Ве очекуваме во Неготино од 12-ти до 15-ти февруари‼️

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email