Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Врз основа на договорот за соработка меѓу Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и општина Неготино при реализацијата на проектот „Зајакнување на капацитетите на ТППЕ преку набавка на високо проефесионални специјализирани возила согласно европските стандарди“ обезбедивме уште едно возило за потребите на општината, т.е. за неготинските пожарникари од ТППЕ – Неготино.
 Денеска присуствував на финалната свеченост по повод реализацијата на овој проект кој изнесува 31.837.344 денари од кои што 24.600.000 денари се обезбедени преку Бирото за регионален развој, а општина Неготино, како и другите општини вклучени во проектот, учествува со дополнителни сопствени средства во износ од 1.810.000 денари обезбедени од општинскиот Буџет. Инаку, проектот е резултат на аплицирањето на Центарот до Министерството за локална самоуправа -Биро за регионален развој во рамки на Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 и 2022 година.

default

Close Search Window