ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија

Општина Неготино започнува изработка на Стратегија за локален економски развој 2027-2031 г

Општина Неготино започнува изработка на Стратегија за локален економски развој 2027-2031 г

Општина Неготино започнува процес на изработка на нова Стратегија за локален економски развој 2027–2031 г., со цел утврдување на состојбите, потребите, потенцијалите и приоритетите за економски развој на локално ниво.
Во рамки на процесот се спроведува SWOT анализа, преку која ќе се идентификуваат силните страни, слабостите, можностите и заканите поврзани со локалниот економски развој.
За таа цел, Општина Неготино спроведува анкетен прашалник за прибирање мислења и предлози од претставници на бизнис-секторот и други локални чинители. Одговорите се значајни за идентификување на реалните состојби, потреби, потенцијали и предизвици со кои се соочува локалната економија, како и за утврдување на приоритетите и мерките што ќе бидат опфатени во Стратегијата.
Анкетата е анонимна, а добиените податоци и мислења ќе се користат исклучиво за потребите на процесот на изработка на Стратегијата. Прашалникот ќе биде отворен заклучно со 30 октомври 2026 година, до 14:00 часот.

Истражување на деловна средина (Анкета за бизнис-сектор)

https://forms.gle/73Hd4KxR6aRZXw7A6

Прашалник за население – Општина Неготино

https://forms.gle/WZu8c9KFS4BLSMXv7

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email