Градоначалничката општина Неготино Марија Нацева која е и претседател на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС, денес зеде активно учество на работилницата на која се разгледуваа можностите како општините повеќе да бидат вметнати во Реформската агенда која ја спроведува Владата на РМ.
Ова од причина што во постојната агенда има малку активности поврзани со локалните самоуправи споредбено со другите земји од регионот, па токму затоа беа разгледани можностите за вклучување на општините со повеќе активности.
Една од целите на состанокот беше и да се идентификуваат финансиските, институционалните, кадровските и техничките услови што влијаат на врз капацитетот на општините за ефективно спроведување на реформите и одржливо обезбедување на локалните услуги.
