Врз основа на член 50 став (1) точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), а во врска со реализацијата на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“, финансиран од Европската Унија преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2021–2027, во која Општина Неготино учествува како проектен партнер бр. 4, а врз основа на предлогот за избор на асистент бр. 09-1716/6 од 10.08.2026 година од Комисијата за избор на асистенти, Градоначалникот на Општина Неготино донесе
О Д Л У К А
за избор на асистент во рамките на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“
Член 1
За асистент во рамките на проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“ се избира:
– Глорија Петрова.
Член 2
Избраниот асистент ќе биде вклучен во проектните активности согласно условите, критериумите и правилата утврдени во проектната документација и договорот за финансирање на проектот.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување и ќе биде објавена на веб-страницата на Општина Неготино.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
За потребите на реализацијата на проектот беше објавен јавен повик за избор на асистент по проектот „Еднаков пристап до здравствена заштита за постарата популација во прекуграничната област: соочување со предизвикот на деменцијата – ElderCare“. По спроведената постапка, Комисијата формирана за таа намена изврши преглед и оцена на доставените пријави и документација и состави Записник за избор на асистент. Од увидот во доставената документација и извршената евалуација, Комисијата утврди дека кандидатот ги исполнува сите услови и критериуми утврдени со јавниот повик и проектната документација. Имајќи ги предвид наодите и предлогот на Комисијата, како и потребата од навремена и ефикасна реализација на проектните активности, Градоначалникот на Општина Неготино одлучи како во диспозитивот на оваа одлука.