Врз основа на член 50 став (1) точка 14 и 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/24), член 11 став (1) од Законот за Пожарникарство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/04, 81/07, 55/13, 158/14, 193/15, 39/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/19), Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во општина Неготино бр. 04-685/1 од 27.09.2023 година и Согласност од МИОА бр. 04-685/4 од 30.10.2023 година, а во врска со Согласноста бр. 19-3306/2 од 22.05.2026 година од Министерство за финансии, ГП за вработување за 2026 на општина неготино бр. 04-1548/1 од 31.07.2025 година и Измената на ГП за вработување за 2026 година бр. 04-1540/1 од 10.07.2026 година, Градоначалникот на Oпштина Неготино објавува
JAВЕН ОГЛАС БР. 02/2026
за вработување на 2 (два) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино
Општина Неготино објавува Јавен Оглас за вработување на 2 (два) професионални пожарникари во ТППЕ на општина Неготино за следното работно место:
1. НАЗИВ НА РАБОТНО МЕСТО: Пожарникар спасител
OРГАНИЗАЦИОНА ЕДИНИЦА: Територијална противпожарна единица на општина Неготино
БРОЈ НА ИЗВРШИТЕЛИ: (2) два
ШИФРА: ПОЖ 02 10 В04 000
НИВО: В4
ОПШТИ УСЛОВИ:
– да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место и
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
ОПШТИ РАБОТНИ КОМПЕТЕНЦИ:
– учење и развој,
– комуникација,
– остварување резултати,
– работење со други/тимска работа и
– ориентираност кон засегнати страни . “
ПОСЕБНИ УСЛОВИ:
– стручни квалификации: за категорија В ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование;
– работно искуство: за нивото В4 со или без работно искуство во струката евидентирано во Агенциja за вработување на Република Македонија како работен стаж ;
– возачка дозвола Ц категорија.
РАСПОРЕД НА РАБОТНОТО ВРЕМЕ:
Дневното работно време за огласеното работно место се организира зависно од потребите на работодавачот, а во рамките на 40 часовното неделно работно време.
ОСНОВНАТА НЕТО ПЛАТА:
-Паричен износ на основната нето плата изнесува: 30.016,оо денари.
Кон пријавата кандидатите можат да ги приложат следниве докази во скенирана форма:
– потврди за успешно реализирани обуки;
– доказ за завршено образование;
– доказ за работно искуство;
– доказ за општа здравствена способност за работното место и
– доказ дека не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност.
Кандидатите се должни покрај пријавата за вработување да достават кратка биографија и кратко мотивационо писмо.
Постапката за селекција на пријавените кандидати се состои од проверка на веродостојност на доставените докази и интервју за јавниот оглас и тоа:
Фаза 1 – административна селекција се спроведува најдоцна 8 (oсум) дена од денот на истекот на рокот за пријавување на кандидатите;
Фаза 2 – интервју се спроведува во рок од 5 (пет) дена по завршување на фаза 1.
Приложените документи кон пријавата се во оригинал форма или копија заверена на нотар.
Кандидатите пријавата можат да ја преземат на веб страната на Општина Неготино https://negotino.gov.mk/ или во Архивата на Општина Неготино на адреса: ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр. 2, Неготино.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
Рокот за поднесување на потребна документација изнесува 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници ,,Слободен Печат”, ,,Вечер” и ,,Koha”. ,
Пристигнатите документи ги разгледува тричлена комисија формирана од градоначалникот на општина Неготино. Комисијата е должна по завршување на oгласот да ги разгледа доставените документи. Комисијата доставува предлог на кандидати до градоначалникот. Градоначалникот, во рок од 15 дена од денот на добивање на предлогот врши избор на кандидат за пожарникар спасител.
Ненавремената, некомплетната и неуредната документација нема да биде предмет на разгледување.
Пријавите за огласот се доставуваат лично во архивата или по пошта на следната адреса:
Општина Неготино , (за јавен оглас 02/2026)
Адреса : ул. ,,Ацо Аџи Илов” бр. 2, Неготино
НАПОМЕНА: Избраниот кандидат по овој оглас има обврска во рок од една (1) година да се стекне со сертификат за стекната квалификација пожарникар издадена од институција овластена од Министерство за образование и наука, во спротивно му престанува вработувањето.