ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА НЕГОТИНО И ЗДРУЖЕНИЕТО ,, ЈАС СУМ ЖЕНА “

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА НЕГОТИНО И ЗДРУЖЕНИЕТО ,, ЈАС СУМ ЖЕНА “

Имајќи ја предвид потребата од зајакнување на положбата на жената во општеството и создавање услови за нејзина поголема вклученост во економскиот, културниот и јавниот живот, а препознавајќи ја улогата на жената како суштински фактор во развојот на локалната заедница, преку потпишување на меморандумот двете страни се согласија да воспостават соработка заснована на заемна доверба, почитување и поддршка.

Со меморандумот се изразува заедничката волја за полова рамноправност, економски развој и подобрување на животниот стандард на жените во општина Неготино преку создавање политики, програми и активности кои ќе овозможат еднакви можности за личен и професионален развој.

Соработката има за цел да поттикне женско претприемништво, да обезбеди пристап до образование, здравствена и социјална грижа, како и да ја афирмира жената како активен учесник во јавниот, културниот и политичкиот живот.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија• Новости
АСФАЛТИРАНА УШТЕ ЕДНА УЛИЦА ВО КРИВОЛАК