Со огромна посетеност од страна на граѓани на општина Неготино, но и гости од други градови од Македонија, синоќа во прекрасна атмосфера и одлично расположение се одржа традиционалната музичка манифестација ,, Неготинска вечер “.
За забавата и музичкиот дел најнапред се погрижи DJ Tamu кој ги анимираше присутните, во најголем дел млади посетители, кои заедно со него пееја и танцуваа, а веднаш потоа следеше одличниот настап на македонската поп пејачка Антониа Гиговска.
На крај пред присутните на преполниот градски плоштад свој настап имаше и sвездата на вечерта Милица Тодоровиќ со богат и разновиден репертоар на задоволство на публиката.
Голема благодарност до сите кои синоќа го исполнија градскиот плоштад и придонесоа за уште една незаборавна ,, Неготинска вечер ” !
