ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

По повод Денот на македонската полиција во Неготино се одржа кондиционен полициски марш

По повод Денот на македонската полиција во Неготино се одржа кондиционен полициски марш

Во рамките на одбележувањето на Денот на македонската полиција, денеска во Неготино се одржа кондиционен полициски марш што го организираше Синдикатот на македонската полиција.

Покрај бројните учесници – припадници на полицијата, учество во маршот зеде и министерот за внатрешни работи во Владата на Република Македонија г-дин Панче Тошковски.

Маршутата по која се одвиваше маршот беше во должина од 3,5 километри со пристигнување на крајната дестинација – прекрасниот неготински манастир Св.Ѓорѓи.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email