ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Во општина Неготино се реализира еко акцијата Генералка викенд

Во општина Неготино се реализира еко акцијата Генералка викенд

Вчера, денес и утре ( 8-10 мај ) на територијата на нашата општина, впрочем како и во цела Македонија, се спроведуваат активностите од најмасовната еколошка акција ,, Генералка викенд “.

Во акцијата се вклучени сите граѓани, установи, институции, здруженија на граѓани, невладини организации и други кои пријавија интерес за вклучување во активностите кои придонесуваат за да имаме чиста и здрава животна средина и околина.

Денеска на терен на расчистување беа вклучени вработените во општина Неготино, советниците од Советот на општината, припадници на ТППЕ Неготино и Доброволното противпожарно друштво Повардарец, спортисти од спортски клубови, риболовното и ловечкото друштво и други, а се чистеше на повеќе локации во градот.

Со овие активности сите учесници дадоа сопствен придонес за успешно реализирање на еко акцијата Генералка викенд.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email