ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија

Р Е Ш Е Н И Е за определување лице за прием и поддршка на лицата со попреченост

Р Е Ш Е Н И Е за определување лице за прием и поддршка на лицата со попреченост

Врз основа на член 50 став (1) точки 13 и 14 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24), а во врска со член 9 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Градоначалникот на Општина Неготино донесе

 

Р Е Ш Е Н И Е

за определување лице за прием и поддршка
на лицата со попреченост

 

1. Се определува СЛОБОДАНКА КРТЕВА, вработена на работно место – Соработник за развој на примарна, здравствена и социјална заштита во Одделение за јавни дејности, Сектор за општи и правни работи и јавни дејности во Општина Неготино, за лице за прием и поддршка на лицата со попреченост при користење на општинските услуги.

 

2. Определеното лице, во соработка со надлежните организациски единици на Општината, ги врши следниве задачи

– ги пречекува и ги упатува лицата со попреченост до надлежниот службеник и, по потреба, договара прием во пристапна просторија;

– дава информации за општинските услуги, потребната

документација и начинот на поднесување барања, во форма соодветна на потребите на лицето;

– на барање на лицето помага при пополнување обрасци и

го упатува до општинската архива или до друг предвиден канал за поднесување;

– го известува секретарот на Општината за утврдените  пречки во пристапот до услугите и предлага мерки за нивно отстранување.

 

3. Поддршката се обезбедува со почитување на достоинството, самостојноста и приватноста на лицето и во согласност со прописите за заштита на личните податоци.

 

4.  Општината ги објавува службените податоци за контакт на определеното лице на својата веб-страница и на видно место на влезот во општинската зграда.

 

5.     Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето.

 

O б р а з л о ж е н и е

Со цел да се обезбеди пристап до услугите на Општина Неготино на еднаква основа со другите граѓани, се определува лице од општинската администрација за прием и поддршка на лицата со попреченост. Со определувањето на службено лице за контакт, граѓаните ќе знаат кому да се обратат за информации за општинските услуги, за помош при пополнување обрасци и за упатување до надлежниот службеник. По потреба, определеното лице ќе го координира приемот во пристапна просторија. Определеното лице ќе соработува со надлежните организациски единици и ќе го известува секретарот на Општината за утврдените пречки во пристапот до услугите, со предлози за нивно отстранување. Службените податоци за контакт ќе бидат јавно достапни за граѓаните да можат да побараат поддршка и пред доаѓањето во Општината.

Имајќи ја предвид потребата од организиран прием и достапна поддршка при користењето на општинските услуги, се одлучи како во диспозитивот на ова решение.

Р Е Ш Е Н И Е за определување лице за прием и поддршка на лицата со попреченост

Лице за прием и поддршка на лицата со попреченост – Слободанка Кртева тел: 072/320-836

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email