ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости• Соопштенија

СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

СЕ ОДРЖА СВЕЧЕНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ПО ПОВОД 8-МИ НОЕМВРИ

Тридневното чествување на празникот на општина Неготино 8-ми ноември – Денот на ослободувањето на нашиот град денес се заокружи со одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино која традиционално се одржува во чест на празникот.

Седницата ја отвори претседателката на Советот на општина Неготино Лилјана Арсова Митрова која се осврна на значењето на празникот и функционирањето на општинскиот Совет.

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева во пригодното обраќање на сите граѓани на општина Неготино им го честиташе празникот, се осврна на се она што како градоначалник го има сработено од стапувањето на функцијата до денес, а исто така ги информираше присутните за реализираните проекти во изминатите 365 денови, а ја презентираше и нејзината визија за развој и напредок на општина Неготино.

Присутните на свечената седница имаа можност да погледнат 15-минутен аудио видео материјал со реализирани проекти во периодот помеѓу двата празници.

Го реализиравме и чинот на свеченото доделување на признанијата и наградата по повод празникот 8-ми ноември, а на свечената седница мини концерт одржаа Пламенка Трајковска и гудачкиот квартет.

 

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Новости• Соопштенија
СЕ ОДРЖАА ОСМОНОЕМРИСКИТЕ УЛИЧНИ ТРКИ НИЗ ГРАДОТ