ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Новости

Се одржа показна вежба на пожарникарите од ТППЕ-Неготино и Доброволното противпожарно друштво Повардарец

Се одржа показна вежба на пожарникарите од ТППЕ-Неготино и Доброволното противпожарно друштво Повардарец

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева присуствуваше и со внимание ги проследи активностите од показната вежба што ја реализираа припадниците на ТППЕ Неготино и Доброволното противпожарно друштво Повардарец од нашиот град.

Показната вежба се однесуваше на интервенција на пожарникарите при евентуално настанување на пожар во објект, во случајов во старата зграда на неготинската гимназија.

При изведувањето на активностите сите пожарникари покажаа завидно ниво на подготвеност и практична демонстрација при евентуално гаснење на пожар, при што на дело ги покажаа стекнатите вештини и искуства од обуката на која учествуваа во Словенија, како и употреба на новата опрема која општина Неготино ја обезбеди преку донација.

Инаку, показната вежба беше дел од редовните активности на пожарникарите во пресрет на летниот период кога и најчесто се случува настанување на пожари.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email