ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

Ученици од Франција во посета на општина Неготино

Ученици од Франција во посета на општина Неготино

Врз основа на воспоставената соработка која започна од оваа година помеѓу СОУ Св Кирил и Методиј од нашиот град и гимназијата Озанам од градот Лил во Франција, во работна посета на општина Неготино престојуваат средношколци од Франција кои денес градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева ги прими во работниот кабинет и се задржа во краток разговор со нив и со нивните домаќини од неготинската гимназија.

Предходно, група од 16 ученици од СОУ Св Кирил и Методиј заедно со професорот по француски јазик Драган Трпковски од 2-ри до 9-ти октомври престојува во посета на Лил, а возвратната посета на учениците од Франција се одвива од вчера и ќе трае до недела 25-ти октомври.

Целта на соработка е размена на искуства помеѓу учениците и професорите од двете училишта, запознавање со културата на двете држави, а гостите од Франција ќе имаат можност да се запознаат со дел од убавините на Македонија преку посета на Охрид, Скопје, Стоби, Битола и Д.Капија.

На учениците од Франција градоначалничката Нацева им посака пријатен престој во Неготино и остварување на зацртаните цели преку соработката меѓу учениците.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email