ул.Ацо Аџи Илов бр.2 1440, Неготино • +389 043/361 – 045
Република Северна Македонија

Општина Неготино

Соопштенија• Новости

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОНГРЕСОТ НА ЛОКАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ВЛАСТИ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НАЦЕВА НА СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОНГРЕСОТ НА ЛОКАЛНИ И РЕГИОНАЛНИ ВЛАСТИ ПРИ СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева како претставник на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, присуствуваше на работната средба со Делегацијата на Конгресот на локални и регионални власти при Советот на Европа.

Мисијата има задача да провери како се одвива процесот на децентрализација во нашата држава и колку се почитува Кодексот за локална самоуправа од Европа ратификуван во Собранието на Република Македонија.

Целта на средбата, меѓу другото, беше и да се оцени примената на Европската повелба за локална самоуправа по предходниот мониторинг извештај усвоен во 2021 година.

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email