Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02 и Службен весник на РСМ бр.202/24 ), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06, 2/11 и 7/24 ), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 11 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 17.07.2026 година ( петок ) во 15:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 10 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Усвојување на записник од 7 вонредна седница на Совет на општина Неготино
3. Предлог- Одлука за усвојување на Елаборат за процена и утврдување на штети од елементарна непогода пролетен мраз што ја зафати општина Неготино во периодот од 02.05-04.05.2026 година
4. Предлог- Одлука за водење на постапка за обезбедување бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение во основните училишта на територијата на општина Неготино
5. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување урбана опрема на територијата на општина Неготино
6. Предлог- Решение за финансирање на проекти на здруженија и фондации по јавен повик за 2026 година
7. Предлог- Решение за доделување на финансиска поддршка врз основа на направената распределба на средства на спортски клубови/сојузи од Буџетот на Општина Неготино за 2026 година
8. Предлог – Решение за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување за 2026 година на општина Неготино
9. Предлог – Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2027 година на ЗЈП Региoнален центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство „ СТАЦИОНАР ШЕПА “ Кавадарци
10. Предлог- Решение за давање согласност на Годишен план за вработување за 2027 година на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино
11. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишна програма за работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2026/2027 година
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Годишен извештајза работа на ООМУ „ Владимир Арсовски “ Неготино за 2025/2026 година
13. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за формирање на паралелки со помал број ученици во СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино за учебната 2026/2027 година
14. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
15. Предлог- Решение за доделување на финансиски средства