Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 и Службен весник на РСМ “ бр.202/24) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11 и 7/24) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното
Р Е Ш Е Н И Е
За свикување на седма вонредна седница на Советот на општина Неготино
Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино на ден 06.07.2026 година ( понеделник ) во 18.00 часот . За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Информација за спроведената постапка за јавна набавка за реконструкција, модернизација и оддржување на системот за јавно осветлување на територијата на општина Неготино
2. Информација за спроведената постапка за јавна набавка на услуги за дезинсекција против комарци на територијата на општина Неготино
3. Предлог- Заклучоци и предлог задолжувања до градоначалникот и надлежните општински служба за итно преземање мерки за целосно ставање во функција на системот за јавно осветлување и неодложно спроверување дезинсекција против комарци