Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Совет општина Неготино|

       Врз основа на член 40 став 1 од Законот за локална самоуправа ( „ Службен весник на РМ “ бр.5/02 ) , член 77 став 1 и став 2 од Статутот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12, 16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 3 од Деловникот на Општина Неготино ( „ Службен гласник на Општина Неготино “  бр. 3/06 и 2/11 ) , претседателот на Советот на општина Неготино го донесе следното  

Р   Е   Ш   Е   Н   И   Е
За свикување на  седма  вонредна  седница на Советот на општина Неготино

   Вонредната седница ќе се одржи во салата на Општина Неготино  на ден 18.08.2022 година ( четврток )  во 14:30 часот . За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Усвојување на записник од 14 редовна седница на Совет на Општина Неготино

2.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на  Програмата  за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022  година

3.    Предлог – Одлука за сопствено учество на Општина Неготино во реализација на проектот „ Зајакнување на капацитетите на ТППЕ во општина Велес, Неготино, Свети Николе и Кавадарци  преку набавка на високо професионални возила согласно европските стандарди “

4.    Предлог – Одлука за утврдување на интерес за основање на Акционерско Друштво Градски Ракометен Клуб „ ВАРДАР НЕГОТИНО “ Неготино

5.    Предлог – Одлука за доделување на паричен надомест за секој ученик запишан во прво одделение во учебната 2022/2023 година во основните училишта во општина Неготино

6.    Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за образование на Општина Неготино за 2022 година

7.    Предлог – Одлука за пренамена на средства од Буџетот на општина Неготино

8.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за дополнување на План за работа на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “Неготино за 2022 година
 

Close Search Window