Врз основа на член 2 од Законот за локална самоуправа ( Сл.весник на РМ бр.5/02), член 76 од Статутот на општина Неготино (,, Сл.гласник на општина Неготино бр.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 , 13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 20 редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 28.12.2022 година (среда) во 10:00 часот.
За седницата го предлагам следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1. Усвојување на записник од 19 редовна седница на Совет на општина Неготино
2. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2022- 31.03.2022 година
3. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2022- 30.06.2022 година
4. Предлог – Заклучок за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот 01.01.2022- 30.09.2022 година
5. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Развојна програма за урбанизирање на УЗ 5.1
6. Предлог – Одлука за измена на Развојна програма за реконструкција на Градски плоштад
7. Предлог – Програма за работа на Советот на општина Неготино за 2023 година
8. Предлог – Програма за локален економски развој на општина Неготино за 2023 година
9. Предлог – Програма за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
10. Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на социјалната заштита за 2023 година
11. Предлог – Програма за активностите на општина Неготино во областа на образованието во 2023 година
12. Предлог – Програма за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2023 година во општина Неготино
13. Предлог – Програма за енергетска ефикасност на општина Неготино за 2023 година
14. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2023 година
15. Предлог – Програма за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2023 година
16. Предлог – Програма за заштита на животната средина на територијата на општина Неготино за 2023 година
17. Предлог – Буџет на општина Неготино за 2023 година
18. Предлог – Одлука за извршување на Буџет на општина Неготино за 2023 година
19. Предлог – Буџетски календар за 2023 година
20. Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2023 година
21. Предлог – Правилник за постапката и критериумите за утврдување на пазарната вредност на земјишта и утврдување просечни цени на градежно и земјоделско земјиште
22. Предлог – Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Неготино и Општина Конче
23. Предлог – Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за утврдување на плати , додаток на плати и надоместоци на плати на вработените кои вршат административно технички работи и помошни работи во општина Неготино
24. Предлог – Правилник за начинот на давање и примање на подароци, водење на евиденција за дадени и примени подароци и други прашања во врска со давањето и примањето на подароци
25. Предлог – Заложба за унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на насилството врз жените во политиката
26. Предлог – Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичката планска документација
27. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички лица
28. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач
29. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансиски извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.07.2022 до 30.09.2022 година
30. Предлог- Решение за давање согласност на Финансиски план и програма за работа за 2023 година на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино бр. 05-373/1 од 30.11.2022 година
31. Предлог – Одлука со која се дозволува обележување на паркинг места за донација
32. Предлог – Решение за давање согласност на Правилник за условите и начинот на вршење надзор над непрописно запрени или паркирани возила и условите и начинот за блокирање, отстранување и преместување на непрописно запрени и паркирани возила, хаварисани и напуштени возила и чување на истите на подрачјето на општина Неготино
33. Предлог – Решение за давање согласност на Тарифник за утврдување на висината на надоместокот за користење на објектите за спорт во општина Неготино
34. Предлог – Решение за давање согласност на Одлука за измена и дополнување на Одлука за утврдување на цени по зони за организирање на зонско паркирање во општина Неготино
35. Предлог – Заклучок за усвојување на Програма за работа на Општинскиот совет на безбедност на сообраќајот на патиштата за 2023 година
36. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош
37. Предлог – Решение за доделување на финансиска поддршка